465
Потпретседателот на Бешикташ, Хусеин Јуџел потврди дека клубот од Истанбул започнал преговори со португалскиот тренер Жозе Мурињо, пренесуваат медиумите во Турција.
Мурињо моментално е без работа, бидејќи на почетокот на годината доби отказ од тренерската функција во Рома.
„Мурињо и јас се сретнавме пред еден месец во Истанбул. Му претставив идеја за иднината на клубот и кои се нашите амбиции во наредните години. Тој рече дека му се допаѓаат тие идеи и побара да му се даде малку време за размислување“, рече Југел.