Бешлиовска: Медицинските сестри во болниците не се бројат по национални реторики

од Nikola Popovski
250 прегледи

Претседателката на „За нас“, здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, Гордана Бешлиовска вели дека будно го следат случајот со модриците кај тримесечното бебе од Детската клиника. Во моментов, не гледа никаква вина кај медицинската сестра. Според Бешлиовска, ниту министерот Арбен Таравари не посочил вина кај сестрата, се додека не излезат со официјални податоци од формираната комисија за случајот.

Бешлиовска најави дека како здружение ќе се воздржат од изнесување ставови се додека не ги добијат податоци и кажа дека веруваат во институциите и Министерството за здравство.

Според неа, инцидентите случаи не смеат да ги генерализираат нештата и не смеат да водат кон губење на довербата на пациентите. Информира дека во моментов во земјава има 9200 медицински сестри.

-Пациентите за нас се нешто најважно. Како Унија и здружение, секогаш ќе го браниме угледот на професијата. Не смеат да се случат вакви спорадични случаи, во период кога сме дефицитни. Медицинските сестри во болниците не се бројат по национални реторики. На сите ни е иста задачата и сите сме заедно. Унијата ги обедини сите сестри и нашите интенции се единството, рече Бешлиовска во изјава за медиумите.

Слични содржини