1,4K
Министерот за финансии, Фатмир Бесими вечерва истакна дека во однос на цената на електричната енергија кај домаќинствата, било интервенирано со ДДВ-то и тоа сега олеснува.
-Во однос на ранливите категории, веќе има мерка. 1000 денари добиваат ваучер за електрична енергија, тие што се социјални категории. Околу 31 илјада семејства добиваат такви ваучери. Во моментов, дополнителни 9000 пензионери добиваат ваучери за оваа енергетска ефикасност. Тој дел е покриен со постојните мерки, рече Бесими во емисијата „Вин-вин“.