311
Буџетот е ликвиден и ги спроведуваме сите мерки што сме ги најавиле. Од јануари досега 85 милиони евра се даде во секторот енергетика за субвенции на разликата во цени за електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими, одговарајќи на новинарско прашање дали има доволно стокови резерви за да издржиме три месеци како земја по ескалацијата на русо-украинската криза.
Бесими информира дека иако ситуацијата е сериозна, има предвидени резерви.
-Ве уверувам дека ликвидноста на Буџетот во моментов е согласно планираното, ситуацијата е тешка, но ние како земја не можеме да влијаеме на она што се случува на светските пазари и во Украина и Русија, рече Бесими.