Во една моја колумна, ги имав опфатено сите аспекти, но за жал, сите немаат трпение да ја читаат целата и извадени беа само делови. Кога зборуваме за јавен сектор, тој е различен од приватниот. Во него, треба да има рамка каде што ќе се направи конзистентен систем, каде што се знае, од претседател на државата, кој треба да има највисока плата, до тие што се државни службеници од почетните нивоа. Не се само директорите на јавните претрпијатија, има и други директори по институции во јавниот сектор. Има закон за плати во јавната администрација, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими како одговор на прашање во емисијата „24 анализа“.
Министерот појаснува дека еден директор со неуспешни перформанси на фирмата во јавниот сектор, не може да има повисока плата од функционер во државните институции.
-Тоа го има како пример во другите земји. Ќе пристапиме и ние кон тоа. Ќе го видиме најсоодветниот модел. Не може да имаме менаџерски договори да бидат деловна тајна за јавни претпријаатија кои не котираат на берза. Ќе има позитивна решенија во тој правец, порача Бесими.