Бесими: Финансиите ни се на стабилно ниво во насока на раст, водиме кредибилни политики

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Да се направи оптимизација и да се имплементираат и дизајнираат приоритетите е сериозен предизвик за Министерството за финансии, кажа министерот Фатмир Бесими на годишната конференција „Година на нви можност“. Тој додаде дека антикризните мерки го стеснуваат просторот и заземаат голем дел од средствата.

-2022 година се намалија приходите, а настапи и инфлаторна и енергетска криза. Тоа што е карактеристично е како да го преструктуираме стопанството. Направивме фискална консолидација и тука упатувам јасен сигнал до инвеститорите дека финансиите ни се на стабилно ниво во насока на раст и водиме кредибилни политики, рече Бесими,

Збрувајќи за даночната реформа тој рече дека таа е во собраниска процедура.

-Таа има правичен аспект, а ќе има влијание и на намалување на неформалната економија што ќе доведе до зголемување на приходите. Со тоа се помога на стопанството да биде предвидлив даночниот систем, кажа Бесими, додавајќи дека „се што нема да биде приход преку даноци ќе значи задолжување, а задолжувањето има корист само ако се инвестира, но за тековните расходи во тој дел фискалната консолидација и даночните реформи се неопходни“.

Слични содржини