Бесими: Инвеститорите имаат доверба во нашата економија, постигнавме историски најниска каматна стапка

од Берта Китинска
362 прегледи

Инвеститорите имаа поголема доверба во нашата економија и нејзината перспектива и постигнавме историски најниска каматна стапка од 1,625%, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во емисијата „Топ тема”.

– Успеавме да постигнеме историски најниска каматна стапка од 1,625% за осмата еврообврзница, неколкукратно пониска во однос на претходно издадените обврзници од земјава, но и пониска од многу земји кои имаат и повисок кредитен рејтинг од земјава. Така на пример, минатата недела Хрватска издаде две еврообврзници од по милијарда евра, од кои едната со каматна стапка од 1,75% додека другата од 1,125%. Понатаму минатата недела и Србија излезе на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзница од милијарда евра и постигна каматна стапка од 1,65%. Еврообврзниците кои ги издаде Турција кон средината на јануари годинава, од по 1,75 милијарди евра, беа со каматни стапки од 4,75% и 5,875%. Во декември минатата година Украина издаде еврообврзница од 600 милиони евра со камата од 7,253%. Црна Гора на почетокот на декември минатата година издаде еврообврзница во износ од 750 милиони евра со камата од 7,253%. Понатаму, Романија кон крајот на ноември издаде две еврообврзници во износ од милијарда и пол евра со каматна стапка од 2,625 и од милијарда евра со каматна стапка од 1,375%. Турција, исто така, ноември минатата година издаде еврообврзница во износ од 2,3 милијарди евра со каматна стапка од 5,95% и Србија од 2 милијарди евра со каматна стапка од 2,125%, рече Бесими.

Слични содржини