Бесими: Издвоени 1,9 милијарди денари за финансиската поддршка за плати за февруари и март

од Nikola Popovski
368 прегледи

„Од денес па до 30-ти април, фирмите и самостојните вршители на дејност, можат да аплицираат за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март. Ова е дел од петтиот пакет мерки“, изјави денес министерот за финансии, Фатмир Бесими на прес-конференција.

Според искажаното, од Буџетот се издвоени 1,9 милиони денари, кои ќе опфатат околу 60.000 работници.

„Исплата на работниците ќе биде во распон од 14.500 денари до 21.770 денари по месец, во зависност од процентот на намалување на приходите на компаниите во претходните 3 месеци. Исто така, 50 проценти од исплатата-помош да се трансформира во грант, без никакви услови. За оние пак, кои во текот на годината, ќе инвестираат во основна опрема, целата исплатена помош ќе биде трансформирана во грант-средства“, вели Бесими.

Тој исто така посочи дека денес во Владата ќе биде разгледан шестиот пакет мерки, за кој понатаму ќе ја известат и јавноста.

Слични содржини