284
Министерот за финансии, Фатмир Бесими вели дека ги чувствува зголемените цени на производите, како и сите граѓани.
-Пазарам во сабота и гледам дека цените се зголемени. Се забележува разликата во цените во супермаркетите, но исто така можам да кажам дека ефект дава и замрзнувањето на основните прехранбени производи, вели Бесими во емисијата „Топ тема“.
Според него, очекувањата се дека во втората половина од годината ќе се стабилизираат цените.
-Кај нас инфлацијата е увезена од тоа што се случува со цените на енергенсите на светско ниво, информира Бесими.