Влегувам во фаза на закрепнување, мерката за субвенции на плата по март месец ќе биде супституирана со поволни кредити за компаниите, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во емисијата „Топ тема”.
-Ние ги следиме движењата во економијата и по однос на тоа ги носиме мерките. Конкретно мерката за субвенционирање на плати е најскапата мерка во контекст на буџетот, таа дава најголем ефект бидејќи ги штити работните места и затоа беше дизајнирана. Влегуваме во фаза на закрепнување оваа мерка ќе да биде супституирана со повлни кредити компаниите ќе можат да добиваат грантови. Целта е да не се создадат компании кои ќе зависат од субвенции новиот инструмент ќе нуди добри поволности и ќе дава можности за инвестиции. Ние ќе ја следиме состојбата по однос на носење на нови мерки. Намерата е овој петти пакет да биде последен со вакви мерки, изјави министерот за финансии.