Бесими: ММФ ќе ни даде заем поради ценовните шокови

од Nikola Popovski
295 прегледи

Кога зборуваме за јавниот долг и Буџетот, мора да се коментира од аспектот во кој се наоѓаме. Следуваат кризи едни по други, како ковид, економска, војната во Украина. Тоа што се случува сега направи поголеми неизвесности и турбуленции на пазарот, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими во емисијата „Клик плус“.

Министерот информира дека Русија и Украина снабдуваат околу 30% од светското производство.

-Јавниот долг се одрзува и врз буџетскиот дефицит. Сега е различна сликата. Како што поминува годината, имаше неколку фактори врз растењето на цените. Со ММФ преговараме и имаме склучени договори. Инструментот што сега го користиме се смета како еден од најнапредните и се дава кога има ценовни шокови во енергенсите и производите. Ние првично сме во фаза која е поповолна во која би оделе со еврообврзница. Може да биде меѓу 5,5 и 6% каматна стапка, рече Бесими околу тоа за колку пари ќе се задолжи земјава кај меѓународните институции.

 

Слични содржини