Бесими: Најавени и други средства од пакетот мерки, покрај 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка

од Nikola Popovski

Веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стабилизира економијата во состојба на криза, оцени денеска од Тетово, министерот за финансии Фатмир Бесими кој присуствуваше на промоцијата на возилата за јавен превоз на градот.

Тој најави и други средства за пакетот мерки за годинава, покрај 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, здравствениот сектор и социјални категории кои ги чувствуваат ефектите од ковид-кризата.

Бесими нагласи дека некои мерки веќе се применуваат, потенцирајќи дека се во комуникација со коморите за нивна реализација, при што во континуитет ќе се работи и на нивно промовирање.

– Од јануари па натаму во континуитет ќе се работи и ќе се промовираат дел од мерките. Во првиот квартал ќе имаме и појасна слика за мерките. Од управата за јавни приходи со последните информации 13 илјади компании веќе аплицирале за декемвриската плата. Постојано сме во комуникација да најдеме и дизајнираме соодветни мерки да се реагира брзо во поддршка на економијата во текот на 2021 за да се остварат проекциите за 4,1 раст на нашата економија, под претпоставка дека Ковид кризата после вториот квартал и натаму состојбата да се нормализира, истакна Бесими.

Слични содржини