ДУИ ја затвори предизборната кампања со резиме на активностите на кандидатите за градоначалници од оваа партија. Според ДУИ, програмата нуди напредок и економска, образовна и културна благосостојба.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Фатмир Бесими го изрази оптимизмот на неговата партија за слободни и демократски избори апелирајќи до граѓаните да не бидат жртви на провокации, уцени и закани за продажба на гласови и манипулација на изборниот процес.
“Нашите кандидати имаа многу модерна и прозападна кампања, овозможувајќи му на секој граѓанин да биде запознаен со нашата конкретна и амбициозна понуда. Не радува фактот што нашата понуда предизвика голем интерес кај сите граѓани, кои не следеа насекаде, интересирајќи се за проектите на нашите кандидати кои ќе се спроведуваат во партнерство со граѓаните во следниот четиригодишен мандат“, изјави Фатмир Бесими, Шеф на изборниот штаб на ДУИ.