Бесими: Нема хакерски напад на трезорот, сите плаќања се реализираат непречено

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Министерот за финансии Фатмир Бесими, вечерва на „Телма“ истакна дека нема хакерски напад на трезорот и додаде дека тој функционира беспрекорно и оти сите плаќања се реализираат непречено.

-Трезорот функционира беспрекорно, сите системи функционираат, но се прават понекогаш проверки, а трезорот е безбеден во однос на базата на податоци, рече Бесими.

Објасни дека коментари за хакерски напад произлегуваат од честите хибридни војни кои се водат во 21 век, како што беше случајот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување.

-Некогаш превентивно се тестира целиот систем, имаше случај кога префрлањето на трезорската канцеларија од Скопје со централата имаше репарирање и само тој ден рачно се правеа плаќањата. Но, нема застој, сите плаќања се реализираат и нема простор за шпекулација, потенцира Бесими.

Слични содржини