Тајмингот за даночните реформи е транзициски. Не значи дека се што се разговара сега, ќе се примени од 1-ви јанури. Што е целта? Зошто ние како Министерство за финансии би влегле во таква дискусија, во која би имале критики? Јас би сакал да сум министер кој ќе кажам дека од утре ги намалуваме сите даноци. Крајната цел е да се подобрат јавните услуги, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Тој информира дека веќе 160 милиони евра од Буџетот плаќаме камати од претходните задолжувања.
-Како економија создаваме помалку отколку што трошиме и како Буџет и како држава. Мораме да имаме даночен систем кој ќе биде праведен и транспарентен. Оваа реформа е подолго од мандатот на една влада, кажа Бесими во гостувањето на емисијата „24 анализа“ и прецизира дека нема зголемување на даночни стапки, туку има проширување на даночната база.