Бесими: Нема зголемување на даноците за покривање на трошоци

од Nikola Popovski
284 прегледи

Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска соопшти дека не се очекуваат нови даноци или даночно оптоварување за граѓаните во 2022 година.

-Ние за време на енергетска криза, наместо да зголемиме, намаливме. Нема зголемување на даноците во земјата за покривање на трошоци. Во 2022, сега во јануари 10 милиони евра ќе се префрлат како капитализација во ЕСМ. 30 милиони евра може ЕСМ или друга компанија да ги искористи од програмата за зелен развој, како и дополнителни 90 милиони евра од програмата за антиковид или други кризи. Значи во Буџетот се обезбедени околу 130 милиони евра за оваа намена. Најавите се дека од вториот квартал ќе почне ублажување на ефектите од енергетската криза и дека ќе се стабилизира и ценовната криза. Ги спроведовме сите мерки. Нема нови даноци предвидени со Буџетот, потенцира Бесими на прес-конференција.

Слични содржини