Бесими: Ние сме прва земја во регионот што уште во март излезе со пакет мерки

од Nikola Popovski
202 прегледи

Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва информира дека не се задоцнети сите работи што ги презеде Владата за справување со кризата.

-Ако ги прочитате сите извештаи на Светска банка, ние сме прва земја во регионот што уште во март излезе со првиот пакет мерки за оваа година и со најголем износ на Буџет во споредба со другите земји по глава на жител, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Околу извештајот на Светска банка дека не е исклучена рецесија во Македонија, Бесими вели дека проекциите покажуваат дека ќе имаме раст на БДП од 2,9%.

-На тоа ќе се движи растот, сметам дека ќе го постигнеме, наведе Бесими во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини