Од април навака има реален раст на платите. Ефектот од шоковите граѓаните ги чувствуваат, но тоа е постигнато со одговор кој дава солидна основа, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.
Според него, новата нормалност е да се подготвиме да живееме во време на кризи и неизвеснот, а притоа да ги правиме политиките за одржлив раст.
Бесими рече дека од април платите не растат само номинално, туку реално затоа што инфлацијата се намалува.
-Буџетот останува на ист ниво во однос на растот и во однос на дефицитот. Тоа се плански проекции и даваат подобра реализација на плановите за фискалната стратегија, рече тој пред новинарите.
Министерот потсети дека македонската економија е мала и високо интегрирана на европскиот пазар и дека 160 проценти од БДП е трговијата од која 80 проценти е со ЕУ, а над половина е со Германија која годинава е во рецесија.