Бесими: Од некаде ќе се скрати за да дадеме на друго место

од Nikola Popovski
236 прегледи

Министерот за финансии, Фатмир Бесими вечерва информираше дека државата од некаде ќе скрати за да се даде на друго место.

-Тоа е внатрешна распределба на финансиите. На пример, намалување поовластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи, пресметките се 428 милиони денари откажување од приходитеи. Потоа автономната мерка за увоз на основните прехранбени производи и суровини со царински давачки, итн, рече Бесими во емисијата „24 анализа“, говорејќи за новите антикризни мерки кои ќе чинат 400 милиони евра.

Бесими додаде дека државата морала да чека да се зголемат цените на повеќето производи, за потоа да се интервенира.

-Ние никој не откриваме топла вода или Америка по втор пат. Сите тоа го знаат. Кога се работи за ваков голем пакет, не можеме нешто преку ноќ да смениме. Ние сме меѓу првите што воведовме вакви мерки во регионот. Сега со измените воведовме механизам за да било која влада има инструмент. Но не застануваме тука. Кризата е голема, нашата економија е мала, но ќе се потрудиме и ќе се организираме за да придонесеме за олабавување. Затоа е апелот за штедење и рационално користење на енергенсите, потенцира Бесими.