Бесими: Остваривме 82 отсто од капиталните инвестиции, макотрпно се работеше до 31 декември во вечерните часови

од Nikola Popovski
177 прегледи

Министерот за финансии Фатмир Бесими денес објави Владата дека реализирала 82 отсто од вкупно планираните капиталните инвестиции за 2020 година.

„Ова е заложба и придонес на тие административни службеници што дадоа се од себе зборувам за тие од финансии што не се тука со нас тимот. Тие до 31 декември во вечерните часови во трезор работеа, додека некој почна со домашните слави тие работеа во министерството. Овие 82 проценти се поради тоа што се јавувавме на телефон разговаравме со сите буџетски корисници, јас како министер, заменикот, советниците во министерството службениците премиерот лично и сите други раговодители на институции“, рече Бесими.

Тој додаде дека вкупните приходи во 2020 година се реализирани во износ од 189,8 милијарди денари што претставува 96,7% од проектираните приходи за 2020 година.

„Даноците и придонесите имаат остварување од 99,5 проценти од планираното за цела година, што покажува одлично планирање во услови на непредвидливост. Во 2019 година даноците и придонесите имаа остварување од 97,2 процента од планираното“, посочи Бесими.

Министерот за финансии истакна дека со стабилизација на состојбата предизвикана од пандемијата и со спроведувањето на мерките и стратегиите за побрз раст, нашата економија може да постигне побрз раст и да обезбеди подобар стандард за нашите граѓани.