Бесими: Перцепцијата е дека каде што живеат Албанци се плаќа помалку данок, тие мислат дека државата не прави правилен распоред на расходите

од Vladimir Zorba
294 прегледи

„На светско ниво пандемијата ќе има импакт до март, но што ако е подолго? Во делот со ризици во буџетот имаме предвидено 50 милиони евра во случај ако пандемијата продолжи подолго. Во однос на растот најавуваме двојно зголемување во следниот период и тоа е дел од долгорочното планирање, она за кое сите се согласуваме дека ни е неопходно.“ – изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими, во емисијата „Отворено студио“ на НТВ.

Тој нагласи дека мора да се натераат некои средини, како на пример населените со Албанци, кои генерираат помалку даночни приливи, да ги плаќаат обврските кон државата.

„Перцепцијата на еден дел од јавноста е дека онаму каде што живеат Албанци се плаќаат помалку даноци, но перцепцијата на тие луѓе таму е дека државата не прави правилен распоред на расходите. И тоа мораме да го надминеме. Јас не сум министер само на Албанците и затоа ќе настојуваме да ги надминеме ваквите ситуации. Сега треба да ни е важно да имаме што повеќе приходи“- дополни министерот Бесими.