Министерот за финасии, Фатмир Бесими соопшти дека вкупно 460 милиони денари се предвидени во буџетот за 2020 и 2021 година за вакцината против коронавирус.
„Во буџетот сме обезбедиле 50 милиони евра за Ковид програмата во 2021 година. Тука се предвидени и за петтиот пакет. Тие средства стојат во буџетот како резерва за Ковид програмата, за мерките кои треба да се реализираат“, рече Бесими за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Тој дополни дека 9,4% од буџетот кој веќе е изгласан во Собранието, распределени се за капитални инвестиции, додека 150 милиони евра земјава ќе мора да плати само за камати во 2021 година.