Бесими: Ребалансот е во Собрание, од следната недела имплементација на четвртиот сет мерки

од Aleksandar Petrovski

Ребалансот на Буџетот што денеска го утврди Владата и го достави до Собранието, министерот за финансии Фатмир Бесими очекува да биде донесен до следната недела и да почнат да се имплементираат мерките од четвртиот сет економски мерки.

-Дебата во собраниската Комисијата беше конструктивна. Беа прифатени девет амандмани кои беа во насока на ковид мерките. Прифатен е и амандман од опозицијата кој се однесува на 1000 деца без родители да добијат ваучери. Ребалансот има зголемување во однос на претходниот и на буџетот. Денес е пратен во Собрание и во текот на оваа недела ќе почне дебатата и наредната недела да почнеме да ги имплементираме мерките, рече министерот во дебата на ТВ 24.

Според стопанственикот Антони Пешев, четвртиот сет економски мерки првпат се доближува до она што се случува во економијата, додека за професорот Никола Поповски субвенционирањето на последиците од кризата е оправдано, а овој и претходниот ребаланс се прилично дарежливи и кон економијата и кон домаќинствата.

Слични содржини