Бесими: Шпекулација е дека ќе има промена на девизниот курс

од Берта Китинска
279 прегледи

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска информираше дека Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот.

-Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот, Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми, истакна Бесими.

Слични содржини