Министерот за финансии Фатмир Бесими за земјиштето спроти „Нова Македонија“ вели дека станува збор за приватизација на земјиштето според Законот за приватизација, а не станува збор за продажба за 7 евра по метар квадратен.
-Градежната парцела постои од 2014 година, а владата од 2011 година има донесено уредба за цената на ова земјиште, појаснува тој.
Тој додава дека такви случаи има и други, но овој ќе биде последен затоа што таа уредба ќе биде сменета.
-Апелирам, од аспект на етиката, оние кои искористиле ваква можност по ниска цена да земат атрактивно земјиште да вложат средства во инвестиции од јавен интерес, вели Бесими.