Беслимовски: Директорите може само да предвидуваат каква ќе биде цената на струјата

од Берта Китинска
466 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика како тело во сте земји ги определувам цените за монополите цени за енергетски дејности каде нема конкуренција. И токму поради овие причини има регулаторни тела кои ги определуваат овие цени, вели претседателот на РКЕ Марко Беслимовски.

Тој вели дека РКЕ влијае само  38 проценти во одлуката на промена на цената на електричната енергија.Во однос на изјавата на генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски  кој кажа дека очекува да нема промени во цената или зголемувањето ќe  биде минимално, Беслимовски вели дека РКЕ додека определува и цени таа кажува какви ќе бидат цените.

-Директорите може само да предвидуваат каква ќе биде цената. Ќе биде минимална доколку понуди минимална цена на тендерот. Ние не може на ЕСМ да му кажеме каква цена да понуди. Сите компании освен ЕСМ си поднесуваат барање до РКЕ ние тоа го разгледуваме и кажуваме во кој дел ние влијаеме, објасни Беслимовски.

Слични содржини