Бесплатен мотивациски семинар за млади и идни претприемачи – „PRINCIPLES of SUCCESS“.

од desk4
117 прегледи

 

 

 

Napoleon Hill School of Learning“ поддржана од Академијата за банкарство и информатичка технологија – (АБИТ) во рамките на Институтот за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ – Скопје организира мотивациски семинар за млади и идни претпремачи на тема „PRINCIPLES of SUCCESS“.

 

Семинарот ќе се одржи во Народната банка на Република Македонија од 16:00 до 19:00 часот на 20 декември 2018 година, во конгресната сала на 8 кат.

 

Говорници на семинарот „PRINCIPLES of SUCCESS“ ќе бидат:

 

  • м-р Нора Алити, Претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и предавач на Институтот од Хајделберг | IBMHS.EU
  • проф. д-р Синиша Наумоски, директор на Институтот од Хајделберг | IBMHS.EU и член на Советот на НБРМ
  • Огнен Јанески, уредник, ТВ водител, новинар и колумнист

 

Семинарот ќе го отвори претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој ќе ги презентира предизвиците со кои се соочува најголемата бизнис заедница во Македонија која ја претставува.

Целта на семинарот е заинтересираните млади луѓе да се запознаат со основните принципи и модели на филозофијата на успехот како двигател на претприемачкиот дух и лидерството кои се во основите на креирањето на развојната економија и конкуретноста во услови на глобализација. Главниот фокус на семинарот ќе биде ставен и на промоција на филозофските приниципи на успехот согласно начелата на Наполеон Хил, еден од најголемите мотивациски писатели и консултанти од САД. Принципите на Хил за успехот, меѓу другото, ги создале најголемите претприемачи како Хенри Форд, Џон Рокфелер и други истакнати претприемачи кои ја поставија основата на либералната економија.

Наполеон Хил бил советник и на двајца претседатели на САД од најдраматичните историски периоди на минатиот век – Вудро Вилсон и Френклин Рузвелт, а тој е инспирација и за актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

На почетокот на годинава извршниот диркетор на АБИТ Синиша Наумоски оствари официјална посета на Фондацијата Наполеон Хил во рамките на Униврзитетот во Вирџинија, каде со проф. д-р Дон Грин постигнаа договор за заедничка сертификација на млади претпремачи од балканските простори во рамки на формалното и на неформалното образование.

Планирано е оваа програма да стартува од почетокот на 2019 година како оддел во германскиот Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛЕБРГ со седиште во Скопје. Истиот ќе носи и трансферни кредити за формалните студии на Институтот.

Pr

Слични содржини