Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година, одлучила Владата.
– Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз, се појаснува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Бесплатиот превоз во железничкиот сообраќај се однесува за:
– Млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот
– Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела)
– Бесплатен превоз за студенти секој четврток
– И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.