Бесплатни ПЦР-тестови за туристи во Црна Гора од утре

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за здравство на Црна Гора го извести Институтот за јавно здравје и сите здравствени домови во земјата дека од утре, бесплатно ќе се вршат ПЦР-тестови за туристите на кои им е потребен овој тест за да се вратат во своите матични земји, соопшти владиниот оддел.

Министерството од денес ги ублажи мерките што се спроведуваат со цел да се потисне ширењето на коронавирусот.

До 20 мај ќе бидат на сила нови, полиберални мерки со кои ќе се укине забраната за сообраќај на долги релации за време на викендите и полицискиот час.

Терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти е поместен за еден час и е дозволен од 19:00 до 22:00 часот.

Слични содржини