Бесплатни стоматолошки услуги за децата од социјално ранливите категории во општина Центар

од Nikola Popovski
265 прегледи

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски информираше дека се овозможуваат бесплатни стоматолошки услуги за децата од прво до девето одделение од социјално ранливите категории од сите основни училишта во Центар во висина од 50 000 денари.

-Благодарение на соработката со Стоматолошкиот факултет и децата од градинките и раните одделенија од основните училишта преку предавања и практични вежби ќе се запознаат со правилното миење на забите, одржувањето на оралното здравје и неговата важност. Оралното здравје е многу повеќе од убава насмевка. Оралните болести претставуваат проблем кој може да  влијае на квалитетот на детскиот живот, вклучувајќи го целото нивно здравје. Затоа, целта на оваа соработка е да се подигне свеста и да се поттикне семејството и заедницата да преземат мерки за намалување на штетните последици кои ги предизвикуваат оралните болести. На овој начин децата ќе научат како правилно се четкаат забите, како се одржува оралната хигиена и колку е важно оралното здравје, изјави градоначалникот Герасимовски.

Градоначалникот оствари средба со првата дама, Проф. Д-р Елизабета Ѓоргиевска, која е раководител на катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет на УКИМ, деканот Проф. Ќиро Ивановски и Проф. Д-р Сања Панчевска, продекан на настава при Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Слични содржини