167
Шведска го прогласи за „пропаднат“ системот на бесплатни приватни училишта, најавувајќи ги најголемите промени во образованието во последните 30 години и доведувајќи го во прашање моделот според кој профитните компании го водат образованието во земјата.
Шведската министерка за образование Лота Едхолм, која започна истрага за ова прашање, рече дека ќе ги надгледува плановите за реформи во училиштата.
„Нема да биде можно (во реформираниот систем) да се оствари профит на сметка на доброто образование“, изјави Едхолм за „Гардијан“.