194
ЈСП Скопје ги информира корисниците на ученички билети за бесплатен превоз дека тие не важат за време на летниот распуст.
„Основците/средношколците (не важи за матурантите) можат да купат месечен билет по повластена цена, односно 600 денари чини месечен билет за јули или август. Билетот важи за сите линии (градски и приградски)“, велат од градското претпријатие.
Последниот училишен ден основците и средношколците го имаа на 10 јуни и до почетокот на септември тие ќе бидат на летен распуст.