Бесправно градење на атрактивна локација во охридската населба Далјан

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Спроведената инспекциска контрола на локација посочена од граѓани во Извидничкиот центар во охридската населба Далјан покажа дека се работи за дивоградба односно дека се спроведуваат градежни активности без дозвола за градење.

Според записникот од извршениот надзор утврдено е дека на локацијата на десетина метри од езерото се поставени пет шаловани и армирани бетонски плочи од по 47,5 метри квадратни, за кои не се издадени решеија за градба.

Согласно констатираната фактичка состојба односно градење без дозвола, ќе биде донесено решение за отстранување на петте плочи во тек на градба според член 134, став 1, алинеја 4 од Законот за градење.

За градежните активности на односната локација посочија и активистите на Граѓанската инцијатива „Охрид SOS“ од каде изразуваат уверување дека ќе биде постапено согласно заклучоците изнесени во записникот и она што е изградено ќе биде отстрането, а локацијата вратена во претходна состојба.

Бесправното градење и неконтролираната урбанизација на крајбрежјето на Охридското Езеро е еден од најгорливите проблеми со кои се соочува регионот и е меѓу главните забелешки посочени во двата извештаи на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО.

Слични содржини