193
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.
Во објава на мрежата Х утринава, фон дер Лајен го повика официјален Техеран веднаш да ги прекине воздушните напади.
„Силно го осудувам бесрамниот и неоправдан напад на Иран врз Израел и го повикувам официјален Техеран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади“, рече Фон дер Лејен.
Таа изјави дека „сега сите актери мора да се воздржат од понатамошна ескалација“ и да работат на враќање на стабилноста во регионот.
Синоќа Иран лансираше стотици беспилотни летала и ракети кон Израел, велејќи дека тоа е одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој беа убиени високи офицери на Иранската револуционерна гарда.