Денеска во Собранието беа изгласани измените во Законот за работни односи кои се однесуваат за „Недела – неработен ден“, напиша на својот Фејсбук вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Од 1-ви јануари 2022 година, оваа социјал-демократска мерка, која е дискутирана со сите социјални партнери, станува реалност
слободна недела за 92% од работниците во државата.
50% повисока дневница за работниците во дејностите кои се неопходни да функционираат
100% повисока дневница за работа во недела за вработените во трговските центри
2% од прометот на трговските субјекти во моловите остварен во недела ќе се уплаќа во Буџетот на РСМ, а средствата ќе бидат искористени за основање на нови детски градинки
Недела е неработен ден за работничките и работниците, ден за неделен одмор, напиша Бетиќи.