Битиќи: Лично сум осетил какво е чувството некој да негира идентитет, јазик-тоа се црвени линии кои успешно ќе ги заштитиме

од Берта Китинска
247 прегледи

Со големо внимание ги следам коментарите и реакциите на целата јавност околу актуелниот развој на настаните поврзани со почетокот на преговорите за влез во ЕУ.
Лично сум осетил какво е чувството некој да негира идентитет, јазик и постоење и затоа јасно знам колку сето тоа е против сите вредности за кои јас се залагам и работам. Тоа се црвени линии кои успешно ќе ги заштитиме, напиша на својот Фесјбик профил Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања.

-Заеднички ќе изнајдеме решение кое ќе ја обезбеди нашата посакувана Европска иднина, но и истовремено ќе го заштити достоинството на нашата држава и народ.Јас ќе ја поддржам секоја одлука која што го почитува идентитетот и јазикот на моите другари, пријатели и сограѓани, а за која тие нема да имаат никаква резерва. Затоа активно ги повикувам да се вклучат во консултативниот процес и јасно да го искажат својот став!Решенијата мора да ги градиме со солидарност и меѓусебна емпатија – друг пат нема!Ќе успееме!, пишува Битиќи.