Бевме феноменален тим, но ништо не трае вечно: Пеп Гвардиола свесен дека Манчестер Сити има потреба од реконструкција

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Кога ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите ги собра Манчестер Сити и Реал Мадрид, беше јасно дека по два меча во Англија и Шпанија, еден од фаворитите за освојување на ова натпреварување ќе зборува за катастрофална сезона на меѓународна сцена.

По триумфот на мадриѓаните на Островот и уште поубедливата победа на домашен терен, вакво е расположението во редовите на тимот на Пеп Гвардиола, кој е свесен дека неговиот тим повеќе не е моќен како во претходните години.

„Не треба да бидете премногу паметни и да разберете дека на овој тим му треба реконструкција. Манчестер Сити беше феноменален тим, игравме фантастичен фудбал, но тоа веќе не е така. Ништо не трае вечно и ова мораше да се случи во одреден момент. Реал беше подобриот тим и заслужено успеа да победи“, изјави Гвардиола по натпреварот во шпанската престолнина и додаде:

„Ќе седнеме и ќе размислиме што да правиме понатаму. Сега сме фокусирани на домашните обврски, иако разбираме дека шансите за освојување на Премиер лигата се минимални, па дури и непостоечки, а ќе видиме што ќе се случи во ФА Купот“.

Инаку, со елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола се најде во ситуација пролетва првпат во кариерата да не игра во едно елитно европско натпреварување.

Дополнително, поразот од актуелниот европски шампион е 13-ти за англискиот тим оваа сезона и тоа е најголем број неуспеси за шпански тренер во натпреварувачка година досега.

Слични содржини