Руски проектил експлодирал на само 150 метри од украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на нивната посета на Одеса во средата, објавија светските медиуми.
Конвојот со лидерите го почувствувал ударот, а неговите членови виделе чад од експлозијата, тврдат извори. Во нападот пет лица загинаа, а неколку други се повредени, информира портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук за американските медиуми.
Зеленски често го ризикува својот живот одејќи на локации во близина на првата линија на одбрана, а во последните две години беше домаќин на десетици светски лидери во Украина.
🇺🇦🇷🇺🚨‼️ BREAKING: Russia hits the position where Zelensky held a ceremony and awarded medals to special forces soldiers in Odessa.
A very interesting strike! Literally a few tens of minutes before, Zelensky was rewarding Ukrainian special forces officers in there, in the Odessa… pic.twitter.com/BYy4Eg8TTG
— Lord Bebo (@MyLordBebo) March 6, 2024
Нападот во средата претставуваше најголема закана за неговиот живот досега. Посетата на грчкиот премиер не беше однапред најавена поради безбедносни причини.
„Го видовме денешниот удар. Гледаме со кого си имаме работа, не им е гајле каде напаѓаат. Знам дека денеска има жртви, се уште не ги знам сите детали, но знам дека има мртви и повредени“, соопшти вчера Зеленски по нападот.
Russia just got within 150 meters of an article 5, with news of the strike in Odessa almost hitting the Greek Prime Minister.
— Adam Kinzinger (Slava Ukraini) 🇺🇸🇺🇦🇮🇱 (@AdamKinzinger) March 6, 2024
Поранешниот член на американскиот Конгрес, Адам Кинзинџер објави дека поради нападот во близина на конвојот, Москва за малку ќе предизвикала активирање на Членот 5, односно колективниот одговор на членките на НАТО. Републиканецот од Илиноис, жесток критичар на Доналд Трамп, реагираше на извештаите за проектилот во близина на локацијата каде што поминувале Зеленски и Мицотакис.
„Русија само што се приближи на 150 метри од Членот 5, по веста за ракетен напад во Одеса, кој за малку ќе го погодеше грчкиот премиер“, напиша тој на „X“.
Мицотакис соопшти дека нападот е „најдобар, најјасен потсетник дека овде се води вистинска војна“.