Без блокади и проблеми: Македонија и Бугарија се договорија за чествувањето на Гоце Делчев

од Nikola Popovski
256 прегледи

Скопје нема да дозволи да настанат тензии и блокади при чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4-ти февруари. Рамо до рамо, министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија се договорија за прослава без проблеми на 121-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Средбата меѓу двајцата министри траеше околу 3 часа. Имаше изјави, но без да се поставуваат прашања од присутните медиуми.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера вети дека нема да се дозволат никакви инциденти и провокации.

„Сакаме да испратиме јасна порака дека нема да дозволиме инциденти. Македонската полиција ги презема сите мерки и нема да дозволи инциденти околу прославата на великанот Гоце Делчев“, изјави Спасовски.

Бугарскиот МВР, Иван Демерџиев работната средба во Скопје ја оцени како плодна. И тој исто така даде ветување.

„Јас пак го известив мојот колега дека ќе ги преземам сите мерки да ги спречам луѓето да дозволат провокации. Да не дозволиме некои луѓе да палат оган таму каде што го нема“, коментирал првиот човек на бугарското МВР.

Било дадено и уверување дека ќе се разреши случајот со претепувањето на Христијан Пендиков.

„МВР ги презеде сите мерки за расчистување на случајот. Имаме едно лице кое е во притвор, по друго се трага. Министерството се однесува подеднакво со сите сторители и тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Нашата крајна цел е да обезбедиме безбедност за сите на цела територија на Република Северна Македонија и за оние кои доаѓаат однадвор“, нагласи Спасовски.

Двајцата изразија надеж и дека Северна Македонија ќе го следи и продолжи својот европски пат.

 

Слични содржини