Со тоа што Русија интервенира во Сирија, Москва си даде автогол, бидејќи ги соочи поголемиот дел од муслиманите во светот против себе. Ова може да го одлучи конфликтот побрзо отколку што очекуваат многумина во САД- анализира DW.

putin

Сирискиот конфликт е поблиску до успешна разврска отколку што се претпоставува во светот. Изгледите за политичко решение се “подобри од кога и да било во досегашниот тек на кризата”, изјави американскиот заменик-министер за надворешни работи Тони Блинкн. Министерот за надворешни работи Џон Кери е исто така оптимист. “Можеби не делат само неколку недели од привремено решение за Сирија”, изјави тој во ноември. Многу луѓе веројатно не ги забележале актуелните белези “, но таква е актуелната ситуација”, додаде Кери.

Причината за својот оптимизам Блинкн го објасни со тоа дека воената интервенција во Сирија ја стави Русија во премногу непријатна ситуација. Според него, Москва успеа да го зголеми своето влијание над Асад, но од друга страна има создадено многу нови противници. “Сега Русија се смета за сојузник на Асад, на Хезболах и Иран – а тоа ја направи противник на мнозинството муслимани во светот”, изјави тој. Повеќето од нив се сунити, кои стравуваат од зајакнувањето на влијанието на шиитските држави и организации.

Русија “дошепна”, а Белорусија одби да продаде на ОАЕ Миг-29 и Су-27 за “ескадрилен-агресор”

Москва во тешка ситуација
Асад внесе религиозен елемент во конфликтот, за да ги придобие на своја страна шиитските сили и претежно Иран и Хезболах. Но тоа се претвора во бумеранг кој сега се враќа со полна сила врз него и Русија. Москва сега ги ужива симпатиите на владите на Иран и Сирија, но останатите муслимански земји се однесуваат со акцентирана дистанца, а некои од нив дури станаа отворени противници на Путин. Тоа се виде и по акцијата на Турција, која собори еден руски борбен авион. А нападот против рускиот патнички авион над Синај покажа дека и Русија е загрозена од џихадистичките групи.

0,,18803365_401,00
Колку поголем е ангажманот на Русија кон нејзините сојузници во сирискиот конфликт, толку посериозни ќе се тешкотиите кои овој ангажман ќе ги создава во односите со другите земји. И во рамките на самата Русија овој курс не е особено популарен: 15% од населението на Русија се муслимани-сунити кои никако не го одобруваат пристапувањето на Путин кон шиитската оска. Тука Москва исто неизбежно ќе се соочи со проблеми предизвикани од религиозниот карактер на конфликтот.

Сите се “терористи”?

Затоа Москва би требало да има интерес конфликтот во Сирија да биде решен што е можно побрзо. Воздушните напади раѓаат импресивни телевизиски кадри за руската телевизиска публика, но во реалноста тие имаат премногу ограничен ефект над случувањата во Сирија.

Интернет-изданието “Ал-Монитор” истакнува дека опозициската “Слободна сириска армија” останува силна и продолжува да создава големи воени тешкотии на режимот на Асад. Затоа Москва очигледно ќе е заинтересирана да преговара и со “Слободната сириска армија”. Нејзиното учество во овие преговори сепак зависи и од сојузниците во коалицијата против Асад – и најмногу од Турција, Саудиска Арабија и Катар. А овие земји се убедени дека е речиси невозможно да се најде политичко решение на конфликтот без Слободната сириска армија, како што напиша арапскиот весник “Ал Хајат”.

Освен тоа засегнатите земји одржуваат врски со исламистички и дури џихадистички опозициски групи во Сирија. Тоа се истите оние групи кои Москва ги става во вкупниот ќуп на “терористите”. Сунитските држави сепак би можеле да влијаат барем над умерените меѓу нив.

Зголемен притисок за компромис

Сеуште нема едногласност по прашањето каква улога треба да играат овие групи по завршувањето на војната. Притисокот за постигнување договор со нив би можел да порасне и дополнително по нападите во Париз, Египет и Тунис. Затоа и Русија најверојатно ќе мора да направи некои компромиси, сугерира весникот “Ал Хајат”: “Претседателот Путин нема интерес од воен ангажман со нејасен излез. Ако неговите интереси во Сирија бидат гарантирани, тој ќе биде подготвен на стратегија за излегување “.

Таканаречената “Исламска држава” исправа противници со значителни предизвици. А тоа го засилува притисокот за изнаоѓање на компромис. Јавно џихадизмот може да биде победен само со помош на заеднички политички, општествени и културни напори.

Слични содржини