ОАЕ изразиле желба да купат од Белорусија руски борбени авиони, сепак неочекувано барањето им било одбиено. Францускиот билтен Intelligence online во публикацијата Minsk exult Abou Dhabi de son plan de vol информира дека ВВС на ОАЕ се заинтересирале да купат белоруски борбени авиони Миг-29 и Су-27, сепак биле изненадени што Минск не ја прифатил понудата. Абу Даби планирал да формира своја ескадрила од “агресори” со посредство на компанијата “Белтехекспорт”. Ескадрилата требало да ја помага обуката на емиратските пилоти за воздушна борба во услови максимално блиски до реалните.

20151206.krcyjhichb

Во ОАЕ дознале дека за одлуката влијаела Русија која воведе забрана за извоз на авионите. Билтенот забележува дека до неодамна ОАЕ секогаш наидувале на добар прием во Минск.

Застапеноста на белорускиот специјален избоз се наоѓа во слободната економска зона на Абу Даби. Неодамна со посредство на Емиратите либискиот генерал Халифа Хафтар купил оружје од Белорусија.

Вице премиерот на СРГ е за одмрзнување на односите меѓу Западот и Русија

Москва изрази загриженост во врска со купувањето, бидејќи би помогнала на емиратските воени сили подобро да се запознаат со системите кои се инсталираат на руските авиони. Уште повеќе што аналогни системи се поставени на ирачки авиони советско производство.

Оваа одлука ја покажува тврдата позиција на Русија во однос на сунитските монархии, иако Абу Даби ги зазема најблиските позиции до Русија, особено во однос на “Муслимански браќа”.

Слични содржини