Состанокот на работните групи за избор на специјален јавен обвинител, и покрај надежите за завршница вечерва заврши без договор.

На денешниот состанок му претстоеја низа билатерални средби на медијаторот на Европската Комисија Питер Ван Хауте со претставници на партиите поединечно, по што претставниците на работните групи имаа и повеќе консултации со раководствата на своите партии, се со со цел да се испеглаат несогласувањата околу функционирањето на специјалниот јавен обвинител и бројот на обвинители кои би работеле заедно со него на случајот „Пуч“.Клучните несогласувања остануваат и натаму, околу тоа колку и дали ќе има заменици или помошници, конкретно околу неговата логистика. За утре се најавени нови средби.Останува оптимизот дека во рокот сепак ќе биде завршена оваа обврска од договорот.