Утрово не се забележани гужви и застој на граничните премини во државата, особено на „Богородица“ кој е најфреквентен граничен премин. Од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека се пуштени две ленти со патнички возила кои брзо поминуваат на грчка страна.
Од АМСМ истакнуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.