Без испален куршум ѝ донесе независност на Македонија: Кој беше Киро Глигоров?

од Nikola Popovski
778 прегледи

„Десет години по смртта на првиот претседател на независна Македонија, во Скопје се уште нема споменик на човек чија политичка кариера траеше половина век.

Во градот на спомениците, за него нема место. Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Македонија, кој успешно, без војна, ја извади својата земја од југословенската федерација на почетокот на 90-тите години на минатиот век“, пишува Би-Би-Си на српски јазик.

Неговата кариера започнува пет децении порано, преку неговите активности во македонското комунистичко движење за време на Втората светска војна, а потоа и преку високите политички функции во комунистичка Југославија, министер за финансии, претседател на Собранието, член на Претседателството на Сојузот на комунистите, стои во текстот.

Под негово раководство, Македонија успеа да го постигне она што ниту една друга југословенска република не успеа да го направи, мирно да ја добие независноста, среде страшна војна.

„Неговиот такт и интелигенција ги внесе земјата и народот во меѓународната заедница како суверена држава, што дојде по бројните обиди да се зачуваат врските меѓу членовите на федерацијата“, се сеќава тогашниот шеф на македонската дипломатија Денко Малески.

Повеќе прочитајте ТУКА.

Фото: Getty Images

Слични содржини