Без капитенот Ристовски и напаѓачот Етеми против Грузија и Бугарија

од Берта Китинска
157 прегледи

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат два натпревари во Лигата на нациите, против Грузија в петок и со Бугарија следниот понеделник.

Селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на капитенот Стефан Ристовски и на Ваљон Етеми.

Напаѓачот Етеми се пожалил на проблем со бутен мускул, додека Капитенот Ристовски имал повреда на тетивата и нема да можат да помогнат против Грузија и против Бугарија.

Првиот тренинг на репрезентацијата е денеска од 17.30, а натпреварите со Грузија и со Бугарија се предвидени за 23 и за 26 септември.

Слични содржини