Без конкурс, со роднински врски – Љутков ја вработил сестрата во велешкиот музеј, реагира Левица

од Илинка Илиоска
149 прегледи

„Пред извесно време, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изјави дека сите институции од културата имаат проблем со стручен кадар и дека се прави функционална анализа за тоа што е најпотребно од кадар, а наспроти тоа – неодамна, без јавен оглас, си ја вработил својата сестра, Станка Љуткова, директно во ЛУ Музеј – Велес“, велат од Левица.

„Културата во Македонија го допира дното, а со овој и ред други примери, Владата на ДПМНЕ – ВРЕДИ – ЗНАМ докажува дека по примерот на СДС и ДУИ продолжува со непотизмот не само во културата, туку и во сите сфери на општественото живеење. Оттука, Левица прашува дали направената функционална анализа за стручен кадар подразбира вработување на блиски членови од семејство и партиски членови? Културните иституции немаат кадар, вработени секојдневно се пензионираат, а не се вработуваат нови соодветни кадри на нивно место. Буџетите се мизерни, зградите на музеите, театрите и останатите културни установи се распаѓаат, грижата за културното наследство е на најдолно ниво, додека уметниците се финансираат со трошки“, велат од партијата.

„Левица апелира да се вработуваат кадри според квалитет, а не по партиска книшка и роднински врски! Македонската култура е одраз на македонскиот национален идентитет, а ваквото дејствување на новата Влада ги загрозува сè повеќе! Во културните установи се потребни профилирани и докажани кадри, како во стручните, така и во редот на административно – техничките служби!“, се додава во соопштението.

Слични содржини