Претставници на Манчестер Јунајтед и Барселона вчера остварија уште еден директен контакт околу евентуалниот трансфер на Френки де Јонг.
Сепак, според Фабрицио Романо, овие разговори не довеле до никаков напредок, бидејќи двата клуба не можат да се договорат за трансферната сума.
Според италијанскиот новинар, Каталонците бараат најмалку 86 милиони евра за Холанѓанецот, откако шпанскиот клуб уште повеќе ги отежнува преговорите со инсистирањето да се плати целата сума одеднаш. Причината за тоа е што поради финансиските ограничувања, Барселона може да инвестира во тимот само една третина од она што го стекнала со продажба на играчи или намалување на платите.
Од „Камп Ноу“ ја користат оваа околност и не сакаат да отстапат од своите барања.
Според „Мирор“, од Манчестер Јунајтед се подготвени да платат 60 милиони фунти (близу 70 милиони евра), а покрај се подготвени да понудат уште пет милиони во вид на бонуси.
Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг сака најмалку пет нови засилувања ова лето, но досега не успеа да привлече ниту еден од бараните играчи.