Во дербито на 20. коло од Премиер лигата, Ливерпул на „Енфилд“ ремизираше 2:2 против Манчестер Јунајтед.
Натпреварот чиј исход беше неизвесен до неколку часа пред закажаниот почеток јавноста не се третираше како дерби. Сезонава домашната екипа гази се пред себе, а гостите се во криза, невидена со децении.
Гостите први поведоа преку Мартинез во 52. минута, сепак Гакпо и Салах се погрижија да нема „изненадувања“, и донесоа предност на домашните од 2:1, а кога веќе сите забележаа нова победа за „црвените“, беше постигнат гол од Диало во 80. минута за 2:2.
На крајот од натпреварот статистиката беше на страната на Ливерпул. Домашните упатија дури 19 удари, додека Манчестер мечот го заврши со 13. Домашните упатија шест топки во рамката од голот, а избраниците на Аморим тоа го направија четири пати.
По 20-тото коло, Ливерпул се уште го зазема лидерското место на табелата во Премиер лигата, додека Манчестер Јунајтед е на 13-то место.