Без полициска придружба: Јанакиески пристигна на рочиштето за „ТНТ“

од Nikola Popovski
309 прегледи

Поранешниот министер за транспорт и врски и обвинет Миле Јанакиески пристигна на судското рочиште за предметот „ТНТ“, но за првпат без полициска придружба. Ова следува откако вчера беше укинат притворот на Јанакиески кој трае веќе цели 3 години.

Апелациониот суд Скопје, вчера до Основниот кривичен суд Скопје, го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети , му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост.

Сепак обвинителката Вилма Рускоска и Обвинителството за организиран криминал и корупција најави дека ќе побара нов притвор за Јанакиески за случајот ,„27 Април“.

Миле Јанакиески е првостепено осуден во предметите „27 април“ (на 6 години и 3 месеци затвор) и „Насилство во Центар“ (условна казна).

Слични содржини