Регионалниот центар за управување со кризи известува дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат корисници од општина Центар.
Во период од 08,30 до 14,00 часот, улиците Антоние Грубишиќ, Коле Неделковски, Наум Наумовски Борче и Мирослав Крлежа во општина Центар ќе останат без струја.
Исто така дел од корисниците во општина Карпош ќе останат без снабдување со вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.
-На ден 08. 04. 2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. „Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10,00 часот до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул „Џумајска“ во општина Карпош, стои во соопштението.